Искуственото учење е она кое останува во долготрајната меморија зашто истото се потпира на сетилата. Затоа групата Желки, во рамки на посетата на краварската фарма “Џеза” и фармата на СУГС “Браќа Миладиновци” имаше можност, потпирајќи се на сетилата, да учи за домашните животни усвојувајки го и концептот на семејство, но и поблиску да се запознае со професијата ветеринар и сите одговорности кои доаѓаат со истата.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.