Грижлив однос кон животната средина
Возрасните групи “Виножито” и “Весели дечиња” од објект Пролет 2, реализираа активност од проектот Суниленс – “Учиме за собирање и рециклирање на отпадното масло за јадење”.
Преку активноста поттикнавме грижлив однос кон животната средина и начини како да се намали загадувањето.
Примарна цел е да ја зголемиме еколошката свест кај децата и домаќинствата за правилно собирање на отпадните масла за јадење, за почиста животна средина и намалување на ризикот од загадување на водата и почвата која ќе го зголеми квалитетот на нашиот живот и идните генерации.