МАТИЧЕН ОБЈЕКТ – ПРОЛЕТ 1

Матичниот објект на Градинка Пролет е цврста градба изграден во 1977 година, а реконструиран во 2012 година благодарејќи на заложбите на Општина Карпош и Јапонска  Амбасада. Условите за престој на децата во овој објект се идеални бидејќи занималните, просториите, ентериерот во целост е реновиран. Последниве неколку години откако се сменети прозорите, како енергетски ефикасна градинка се чуствуваат благодетите на заштеда на топлотна и електрична енергија, подобри хигиенски услови  за престој на децата и работа на вработените. Градинката располага со корисна внатрешна површина од 2055 м2 и голема дворна површина од  1200 м2. и капацитет од 200 деца.

Во дворот на објектот има детски реквизити кои се оштетени и неопходно е да се заменат со нови заради безбеден и спокоен престој на децата во дворот. Хигиената се одржува редовно и е на задоволително ниво. Се врши редовна дезинфекција и дезинсекција, редовно миење на играчките, промена на постелнитата и естетско уредување на просториите. Овој објект во целост реконструиран со помош на средства од Општина Карпош и Шведска амбасада, поставен е нов покрив, нови ПВЦ прозори и врати, реконструирани детските тоалети и со право може да се каже дека оваа градинка има квалитетни услови за престој на деца. Потребно е замена на машини и опрема т.е промена на казани за готвење, универзална машина за мелење, сечење и лупење, и набавка на нови фрижидери за главната кујна…