ПРОЛЕТ 2


Објектот ПРОЛЕТ 2

е монтажен објект и даден во употреба после катастофалниот земјотрес во Скопје во  1965 год, со корисна површина 793 м2 и дворна површина 762 м2 и капацитет на деца 100, иако последните години градинката работи со зголемен број на деца. Во дворната површина има насадено зеленило цвеќиња, дрва и  зеленчукова  и  овошна  градина. Се обврнува големо внимание на хигиената со редовна дезинфекција на играчките и просториите, редовно се менува постелнината. Потребно е да се санира хидрофорната канализација која се наоѓа во задниот дел на градинката и поради високите температури во летниот период потребни се клима уреди. Потребни се нови детски реквизити и целосно уредување на дворната површина.