Посета на Хидрометеоролошкиот центар
Децата од нашата градинка го посетија Хидрометеоролошкиот центар, каде што имаа можност да се запознаат со работата на метеоролозите и со начинот на кој се следи и предвидува времето.☀️🌩️💦💧💨
Преку разговор и практични примери, децата дознаа како настануваат сонцето ☀️ дождот💧 снегот 🌨️ и ветерот 💨, како се мери температурата на воздухот и зошто е важно да ја следиме временската прогноза.
Посетата беше интересна, едукативна и исполнета со нови знаења. Децата поставуваа прашања, набљудуваа и учеа преку непосредно искуство.














Поврзани содржини