Посета на дом за стари лица – заедно создаваме насмевки и убави спомени

Во рамки на соработката со Општина Карпош, по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј, дечињата од нашата градинка го посетија домот за стари лица “ Мајка Тереза “ во Бардовци, каде преку краток музичко-сценски настап, песни и детска искреност им го разубавија секојдневието на корисниците.

Оваа посета е прекрасна можност за меѓугенерациско дружење, размена на љубов, внимание и позитивна енергија. Веруваме дека детската насмевка е најубавиот подарок, а заедничките моменти создаваат спомени што долго се паметат.

Со мали гестови, создаваме големи радости! ❤

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.