Посета на ФЕИТ

Групата Штрумфови беше во посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, каде беше во тек натпреварот по роботика и вештачка интелигенција RoboMac2023.

Дечињата се запознаа со роботските раце на кои работеа студентите од напреварот, електрично возило, магијата на теслиниот трансформатор и за крај им дадоа нов лик на роботите хуманоиди и заиграа заедно со нив.

Љубовта кон техниката се јавува од најмали години.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.