Објект БУМБАРЧЕ

Е во состав на Матичниот објект на Градинка Пролет со капацитет за 50 деца и е целосно реновиран. Во текот на летниот период вработените во Објектот ја уредуваа  дворната површина, фарбаа, го исчистија просторот од плевел, го оплеменија просторот со стари гуми од возила кои ги офарбаа и ги адаптираа во масички, столчиња, жардињери за цвеќиња, направија и поставија детски реквизити за протнување, качување од офарбаните гуми. Поставена е нова ограда.