Објект СОНЧОГЛЕДИ

Објектот Сончогледи на Градинка Пролет е изграден и даден во употреба во 1965 год, дел е монтажен, а дел е цврста градба. Објектот е со внатрешна корисна површина од 1300 м2, дворна површина од 1800 м2, со капацитет на 200 деца. Објектот е реновиран со заложба на Општина Карпош и граѓанската иницијатива. Сменета е кровната површина и изолација на истата, дрвените прозори и врати се сменети со ПВЦ, потребно е во наредната година да се заменат внатрешните  врати  од  занималните. Пералната која се наоѓа во дворот на Објектот е реновирана.

Во Објектот во Јануари 2020 год од страна на Општина Карпош е инсталиран систем за греење на просториите со геотермални пумпи, со што потрошувачката на енергија за затоплување е сведена на минимум, а веќе не е потребно набавување на нафта со што се намали трошење на средства за нејзина набавка. Овој систем обезбедува целосно и квалитетно загревање на Објектот.

Објектот располага со голема дворна површина која грижливо се негува збогатена е со садници, цвеќиња и зеленчукова градина. Дворот е прекрасно место за престој и игри на деца, но и овој двор има потреба од нови детски реквизити и реконструирање на старите и ставање на нова ограда.