🏫 МАТИЧЕН ОБЈЕКТ – ПРОЛЕТ 1

Матичниот објект на Градинка Пролет е цврста градба изграден во 1977 година, а реконструиран во 2012 година благодарејќи на заложбите на Општина Карпош и Јапонска Амбасада.
Условите за престој на децата во овој објект се идеални бидејќи занималните, просториите и ентериерот во целост се реновирани. 🛠️✨

Последниве неколку години, откако се сменети прозорите, како енергетски ефикасна градинка се чувствуваат благодетите на:

  • 🌡️ пониски трошоци за топлотна и електрична енергија

  • 🧼 подобри хигиенски услови

  • 👶 подобрен престој на децата и услови за работа на вработените

Градинката располага со:

  • 🏠 корисна внатрешна површина: 2055 м²

  • 🌳 дворна површина: 1200 м²

  • 👧🧒 капацитет: 200 деца

Во дворот на објектот има детски реквизити, но тие се оштетени и неопходно е нивно заменување со нови заради безбеден и спокоен престој на децата во дворот. 🛝⚠️

Хигиената се одржува редовно и е на задоволително ниво:

  • 🧴 редовна дезинфекција и дезинсекција

  • 🧸 редовно миење на играчките

  • 🛏️ промена на постелнината

  • 🎨 естетско уредување на просториите

Овој објект е целосно реконструиран со помош на средства од Општина Карпош и Шведска амбасада. Поставени се:

  • 🏠 нов покрив

  • 🌞 нови ПВЦ прозори и врати

  • 🚽 реконструирани детски тоалети

Со право може да се каже дека оваа градинка има квалитетни услови за престој на деца. 👶❤️

⚙️ Потребни подобрувања

Потребна е замена на:

  • 🍲 казани за готвење

  • 🔪 универзална машина за мелење, сечење и лупење

  • 🧊 нови фрижидери за главната кујна

🏫 Објекти